Кандидатот на ДУИ за градоначалникот на Боговиње, Бејтулаху на средби со жителите на Палчиште

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Боговиње од ДУИ, Берзах Бејтулаху, вечерва на средба со жителите на селото Палчиште ја побара нивната поддршка и глас на вториот груг од локалните избори.

На собирот во Палчиште се обрати и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, кој меѓу другото нагласи дека Бејтулаху се покажал во најтешките времиња на албанскиот народ и дека заслужува да ја води оваа општина за да ги реализира новите проекти и ги заврши оние што се веќе започнати, за да се подобри животот на жителите на општина Боговиње.

Поддршка на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Боговиње, во Палчиште му изрази и заменик председателот на Владата Хазби Лика.

Лика рече дека стои зад Бејтулаху за да ги реализира сите ветени и почнати проекти за целата општина Боговиње.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за време на средбата со жителите на селото Камјан, побара да му ја дадат довербата на Берзах Бејтулаху, ветувајќи многу проекти и подобар живот за целата општина Боговиње.

– Општина Боговиње на чело со Бејтулаху ќе постигне уште поголем напредок и институциите ќе инвестираат за подобар живот за граѓаните на општината, рече меѓу другото Ахмети во селото Камјан.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми