Кандидатите кои не се на конечната листа за обука во Академијата за судии се сретнаа со претседателот Пендаровски

Од:

Да се изнајде решение за настанатата состојба во согласност со Уставот и законите, преку почитување на начелата за недискриминација, соодветна и правична застапеност, порача претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со претставниците на кандидатите кои не се најдоа на конечната ранг-листа за обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – Скопје.

На нивно барање, Пендаровски ги прими претставниците на група од 14 кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на VII генерација слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – Скопје, кои не се најдоа на листата.

На средбата, на која, како што соопшти кабинетот на шефот на државата, присуствуваше и директорката на Академијата, Наташа Габер-Дамјановска, претставниците на групата кандидати го изнесоа незадоволството што не се најдоа на конечната ранг-листа на 60 примени кандидати за почетна обука, откако Управниот одбор на Академијата утврди посебна квота за припадници на заедниците што не се мнозинство во Република Северна Македонија.

-Претседателот Пендаровски ги повика засегнатите страни за изнаоѓање решение за настанатата состојба, во согласност со Уставот и законите, преку почитување на начелата за недискриминација, соодветна и правична застапеност, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат