Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Од:

Во пресрет на завршувањето на изборната кампања, членови на штабот на Мартин Костовски, кандидат за градоначалник од коалицијата СДСМ, биле нападнати од страна на Самек Салиевски, актуелен кандидат за советник од ЗНАМ и член на тимот на Максим Димитриевски. Настанот е пријавен во полициската станица при СВР Куманово, тврди Костовски.

„Ја знаеме хистеријата на Максим, знаеме дека е исплашен, меѓутоа денеска дојдовме во полициската станица за да го пријавиме настанот. Ги повикувам органите на прогонот веднаш да постапат“, изјави кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.

Дополнително, Костовски бара реакција и од другите надлежни институции:

– Ги повикувам и Државната изборна комисија, како и Јавното обвинителство, да се стави крај на ваквото политичко насилство врз истомисленици и политички противници. Ова веќе не смее да се случува во едно цивилизирано и демократско општество, вели Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Не ветувам чуда – ветувам знаење, посветеност и одговорност

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Александра Цветановска: Центар што се грижи, прифаќа и создава можности за сите

Лабудовиќ: Во секое училиште и градинка ќе обезбедиме здрав, топол и квалитетен оброк за секое дете

А1он

Ѓорѓевиќ: Куманово е град каде секој чекор води кон еднаквост

Филипче: „Или си СДСМ или не си“