Лабудовиќ: Во секое училиште и градинка ќе обезбедиме здрав, топол и квалитетен оброк за секое дете

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, најави една од, како што рече, најважните мерки во својата програма – воведување на здрав, топол и нутритивно избалансиран оброк за секое дете во сите градинки и училишта во Центар.

„Имаме јасна цел – секој оброк што ќе го добијат децата да биде свеж, квалитетен и приготвен со љубов и внимание. Менито ќе го подготвуваат професионални нутриционисти, кои ќе внимаваат да има баланс меѓу хранливите вредности и вкусот што децата го сакаат“ изјави Лабудовиќ.

Целта на оваа мерка е здравата исхрана да биде темел на растот и развојот на децата.

„Здравата храна не е луксуз, туку право на секое дете. Затоа оваа мерка не е само оброк – тоа е инвестиција во здравјето и иднината на најмладите“ потенцираше Лабудовиќ.

Оброците ќе бидат подготвени од домашни и внимателно избрани намирници, со проверен квалитет.

„Оброкот ќе биде навистина топол – подготвен со грижа, внимание и љубов. Сакам родителите да бидат спокојни дека нивните деца секој ден во училиштето и градинката го добиваат најдоброто“ додаде тој.

Освен здравствената компонента, мерката има и економска и општествена димензија. Со неа ќе се поддржат локалните производители и ќе се подигне свеста за важноста на правилната исхрана уште од најмала возраст.

Би можело да ве интересира

Реконструкцијата на Владата ќе биде готова до вторник, ЗНАМ ќе било посилно вели Димитриевски

ЗНАМ: Нема конечен договор за владината реконструкција, сите опции се отворени

ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија

Навредите од Неделковски кон Бендевска и Гочева се недостојни, мизогини и неприфатливи, реагираат од ЗНАМ

ЗНАМ: Подолг период беше јасно дека Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите и државотворната визија на ЗНАМ

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!