Канческа Милевска за злоупотреби ја товари и финансиската полиција

Од:

За сомнение дека сториле кривично дело, Управата за финансиска полиција на Р Македонија поднела кривични пријави против Е.К.М. – министер при Министерство за култура на Р. Македонија, Д.Н. – заменик-министер при Министерство за култура на Р Македонија, и Ѓ.Т. – државен советник за финансиски прашања при Министерство за култура на Р Македонија,

Тие се товарат за основано сомнение дека сториле кривично дело несовесно работење во службата, од член 353-в став 3 и став 5 в.в. со став 1 од Кривичниот законик на Р Македонија затоа што, како што стои во соопштението:

„ Лицата Е.К.М. – министер, Д.Н. – заменик-министер и Ѓ.Т. – раководител на сектор за финансиски прашања и Државен советник за финансиски прашања во Министерството за култура на Р Македонија, во период од јули 2009 година до февруари 2017 година со пропуштање на должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности, на начин што спротивно на член 581 став 2 од Законот за трговски друштва (кој децидно наведува дека странски друштва не можат да вршат дејност на територијата на Р Македонија сè додека не организираат подружница), примиле времени ситуации – фактури од странскиот правен субјект Светлост театар ДОО Белград Р Србија (кој не е регистриран даночен обврзник во Р Македонија) во кои е незаконски вкалкулиран дополнителен износ претставен како ДДВ од 18%, при што лицата Е.К.М. – министер и Д.Н. -заменик-министер потпишале 64 (шеесет и четири) Решенија за преведување на средства , а лицето Ѓ.Т. -раководител на сектор за финансиски прашања и државен советник за финансиски прашања потпишала налози за исплата на парични средства на штета на буџетот на Р Македонија, со кои извршиле плаќање во странство врз основа на 11 договори за извршување услуги, стоки и работи, при што спротивно на член 14 став 2 од Законот на ДДВ извршиле противзаконска исплата на ДДВ надвор од границите на Р Македонија, иако извршените услуги, стоки и работи од страна на Светлост театар ДОО Белград се спроведени на територија на Р Македонија, на кој начин со пропуштање на должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности при што на износ од 18.163.131,03 ЕУР или 1.117.032.556 денари, причиниле штета на буџетот на Р Македонија во износ од 170.671.444 денари или 2.770.640“.

Против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, Специјалното јавно обвинителство побара притвор во случајот за изградбата на Музејот за ВМРО но Апелациониот суд, наместо притвор одлучи да ѝ го одземе пасошот и еднаш во неделата да се јавува кај шалтерски службеник во судот.

Би можело да ве интересира

Кривична против Лила Стојановска за затајување 1,78 милиони денари данок

Ана Ололовска

Финансова полиција со кривична пријава против едно лице за даночно затајување

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арафат Муареми: Под лупа на Финансиска, имотот на најмалку двајца актуелни судии и еден обвинител

Ана Василевска

Кривични за тројца вработени на ДУТ, го оштетиле буџетот на Универзитетот за пет милиони денари

Ана Ололовска

Обвинителството ја отфрли кривичната за Бети Канческа Милевска за отштета од близу 3 милиони евра

Ана Василевска

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот штипски градоначалник Илчо Захариев

Ана Ололовска