Кривична пријава против двајца управители во ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз

Од:

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз.

Пријавените во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, во текот на 2017 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект „Радика Ресорт“ ДООЕЛ, во својство на инвеститори, без да обезбедат одобрение за градење и да платат комуналии, противправно започнале и извеле градежни активности – изградба на девет нови објекти во функција на депанданси на хотел Радика, спротивно на член 57 од Законот за градење.

– И покрај извршениот инспекциски надзор и донесениот записник од страна на Одделението за инспекциски надзор при Општина Маврово и Ростуше за запирање на изградбата, пријавените преку правно лице ДТТУ “Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз (инвеститор) продолжиле со градежните активности на бесправно изградени објекти, при што извеле изградба на девет нови објекти во функција на депанданси на хотел Радика, појаснуваат во денешното соопштение од Управата за финансиска полиција.

Би можело да ве интересира

Томовска: Во координација со финансиската полиција ќе одлучиме дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири

Управата за финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Горан Наумовски

Арсовска игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на Финансиска за украсувањето

Орце Костов

Финансиската полиција денеска треба да влезе во Град Скопје

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Ана Ололовска

Трговци со зеленчук ја оштетиле државата за 300.000 евра: Финансиска со кривични за даночно затајување

Орце Костов