Канцеларијата „Една точка за услуги“ со нов модернизиран изглед

Од:

Салата за јавни услуги „Една точка за услуги“ што се наоѓа во поранешните простории на Комерцијалната банка, е целосно модернизирана според новите стандарди, со нов принцип на работа во јавниот сектор. Според министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, просторот сега е пример за тоа како треба да функционира сервис што е ориентиран кон граѓаните.

-Просторот ги следи најнови стандарди за тоа како треба да функционира еден сервис што е ориентиран кон граѓаните. Но тоа не е само нов изглед, туку станува збор за целосно нов принцип и култура на работа во јавниот сектор. Шалтерите конечно се минато и во тоа ќе можете и самите да се уверите. Вработените во администрацијата се сервис на граѓаните и се фактички првиот контакт кој што граѓаните го имаат со државата и со институциите, рече денеска Манчевски по посетата на салата.

Тој потсети дека пред повеќе од една година се донесени повеќе институции да нудат услуги од тука. Како што додаде, тука се сместени Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Управата за јавни приходи, Агенција за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика Централниот регистар, Фондот за здравствено осигурување, Управата за водење на матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Обезбеден е и како што рече, непречен пристап и за лица со пречки во движењето, а има и служба која ќе работи на одржување на редот, особено во сегашните услови на здравствената криза. Електронски ќе се следи и работењето со регулирано време на пауза и без можност да има граѓани да чекаат, а да нема кој да ги услужи.

Како што истакна, ова е прв од објектите кој што ќе работи на ваков принцип.

Манчевски информира дека покрај оваа сала, во понеделник ќе почне да работи слична регистрациска канцеларија и „Една точка за услуги“ и во Тетово, а во следните денови ќе следуваат и други градови.

-Овој процес се одвива и паралелно со процесот на дигитализацијата на услугите. Денеска преку порталот „uslugi.gov.mk“, нудиме 136 услуги на граѓаните и тој број постојано се зголемува. Во завршна фаза се и услугите на Министерството за труд и социјална политика како што се дигиталниот упис на дете во градинка, уписот во училиште кое е надлежност на Министерството за образование, како и документите кои ги издава Министерството за внатрешни работи а кои се во возможност да се издаваат елелктронски.

Манчевски денеска упати и апел граѓаните повеќе да ги користат електронските услуги, дури и да доаѓаат помалку во овие центри со цел поголема безбедност и почитување на мерките за заштита од вирусот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он