Канализациони системи за четири населени места во oпштина Босилово

Од:

Општина Босилово подготвува проектна докуемнтација за изработка на канализациони системи со пречистителни станици во четири населени места.

За канализациите во Турново и Секирник подготовката на проектната докуемнтација оди преку програмата на министерството за животна средина, објасни градоначалникот Љупчо Колев.

– Преку оваа програма обезбедивме средства за проектната документација за канализациони системи во Турново и во Секирник заедно со пречистителни станици. Пречистителната станица во Турново ќе биде димензионирана да ги прифаќа и водите од Радово, објасни Колев.

Преку проект на УНДП, Босилово ја изработува и проектната документација за канализации и пречистителни станици и во Старо Балдовци и во Робово.

– Сите општини од југоисточниот плански регион добивме средства за изработка на проектна докумантација за изградба на канализациони системи со прочистителни станици за по две населени места. Според критеримите кои ни ги дадоа, избрани се овие населени места, појасни Колев.

Според него, овие проекти наскоро ќе бидат готови со што ќе остане отворена можноста локалните власти да може да аплицираат пред странските и домашните финансиски програми и фондови за нивна реализација.

Би можело да ве интересира

Водата се повлекува од поплавеното подрачје во Општина Босилово, се утврдува штетата

Две деца загинаа во Босилово откако со трактор паднале во река

Ландов

Пендаровски во Босилово и Василево: Нема да дозволиме некој да се коцка со иднината, ќе победиме, масовно да излеземе на избори и да заокружиме број 3!

„Еуромакс“ убедува дека нема да користи цијанид и сулфурна киселина

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николовски: Патот кон ЕУ и НАТО ги отвора вратите за инвестиции на странските компании во земјоделството

Наум Локоски

Зимбаков: Не треба да постои условување на гласањето на референдумот со економската инвестиција на „Еуромакс Ресоурцес“

Ана Ололовска