Водата се повлекува од поплавеното подрачје во Општина Босилово, се утврдува штетата

Од:

Водата полека се повлекува од триесетината објекти и голема површина земјиште кои од вчера се под вода на влезот во селото Турново, во Општина Босилово.

Таму се излеаја реките Струмица и Турија, а водата навлезе во повеќе објекти. Целосно се поплавени фудбалскиот терен, соблекувалните и спортската сала на ФК „Турново“, објектот на Ветеринарната станица и дваесетина куќи и помошни објекти.

Од ФК „Турново“ информираа дека е направен испуст за истекување на водата во реката Турија и очекуваат во наредните денови, доколку нема нови врнежи, таа да истече од поплавените објекти.

– Поднесовме барање до Општина Босилово за утврдување на штетата, а ќе поднесеме и барања за помош до ФФМ и Агенцијата за млади и спорт. Според нашите првични проценки штетата е над 50 илјади евра, но поголема е штетата што нашите фудбалери и 120 деца од помладите категории не можат да тренираат, велат од ФК „Турново“.

Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев вели дека состојбата со поплавите полека се нормализира и дека Општината преземе се што е во нејзини ингеренции да им се помогне на поплавените.

Инаку, влезот во селото Турново со години се поплавува при обилни врнежи и излевање на реката Струмица. Жителите велат дека многу пати досега барале да се реши овој проблем, но досега ништо не било преземено.

Би можело да ве интересира

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски