Кампања за промоција на еколошкото истражувачко новинарство

Од:

Во рамки на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ од Скопје денеска на плоштадот Слобода во Штип организираат кампања за промоција на еколошкото истражувачко новинарство.

Целта на промотивната кампања е подигнување на свеста кај граѓаните и другите општествени чинители за еколошките теми и проблеми преку укажување на потребата за поголема застапеност на темите од областа на животната средина во медиумскиот простор.

Покрај ова, кампањата врши промоција на досега спроведените проектни активности, промоција на веб порталот www.eкologist.mk и ги презентира можностите за учество на јавноста во реализацијата на проектот.

Порталот www.ekologist.mk организира фото натпревар преку кој граѓаните можат да земат активно учество во информирањето на јавноста преку објавување на свои фотографии кои ги прикажуваат добрите и лошите примери на однесување на јавноста и индустријата кон животната средина.

Проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ има цел за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите за развој и примена на еколошкото истражувачко новинарство преку воспоставување на партнерства меѓу засегнатите чинители, обезбедување на подобар пристап до информации од областа на животната средина преку воведување на ефективни методи за поттикнување на граѓанското новинарство.

Проектот предвидува спроведување на обуки и зајакнување капацитетите на граѓанскиот сектор во делот на комуникација и соработка со медиумите.

Би можело да ве интересира

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време