Кампања за лицата со интелектуална попреченост на Специјалната олимпијада Македонија и ХЕРА

Од:

На Меѓународниот ден на лицата со интелектуална попреченост, Специјалната олимпијада Македонија и Здружението ХEРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Скопје, вчера отпочнаа кампања низ која во фокус ќе бидат ставени здравите животни стилови и сексуално-репродуктивно здравје на лицата со интелектуална попреченост.

Драган Караџовски, национален директор на Специјална олимпијада Македонија истакна дека се многу среќни за оваа можност за соработка затоа што, како што рече, само така ќе може да се работи активно во рушењето на табуата и во интеграцијата на лицата со интелектуална попреченост.

– Здравјето и здравиот спортски дух на нашите атлети, а преку тоа и на лицата со интелетуална попреченост е наша примарна цел и затоа се надевам дека оваа соработка ќе ни овозможи да ги кренеме свесноста за нив на едно повисоко ниво и услугите на Хера, да им бидат лесно достапни на нашите атлети, рече Караџовски.

Квалитативните истражувања, спроведени од ХЕРА, покажуваат дека здравствените установи не се физички пристапни, а здравствените работници и соработници најчесто не се подготвени да разговараат за различните потреби што луѓето со попреченост ги имаат во оснос на сексуалноста и сексуалното и репродуктивно здравје (СРЗ).

– Обично, овие теми се дискутираат само ако лицето со попреченост се соочи со одреден проблем. Токму затоа, преку кампањата на социјалните медиуми во следната недела ќе го подигнеме гласот за важноста пристапни и достапни услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Спортувањето и грижата за здравјето не смеат да се запостават ниту во услови на пандемија, посочуваат од ХЕРА.

Информираат дека во следниве денови атлетите од Специјалната олимпијада ќе ги пренесат пораките на овие теми.

Би можело да ве интересира

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

A1on

Владата ја усвои Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Се загуби 70-годишната траекторија во образовниот процес на лицата со попреченост

МТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој, затоа оваа Влада континуирано инвестира и во социјалната заштита

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани​

А1он