Кампања на СВР Скопје за преземање на зајакнати превентивни мерки за носење заштитна опрема

Од:

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во соработка со „Скопје Сити Мол“ пред влезот на овој трговски објект реализираше превентивна акција во рамки на кампањата за заштита од вирусот „Ковид 19“, со цел да се потсетат граѓаните на стриктно почитување на пропишаните протоколи од Комисијата за заразни болести, особено носењето заштитна маски, а во контекст на започнување со работа на трговските центри и обложувалниците.

Со оваа проектна активност Одделението за превенција планира да ги опфати сите трговски центри на подрачје на Град Скопје, спортските обложувалници, а корисниците ќе се информираат за потребата од придржување согласно протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Од страна на полициските службеници на граѓаните им се делеа заштитни маски и ракавици обезбедени од правните субјекти кои стопанисуваат со наведените објекти со укажување дека доколку не се придржуваат кон препораките ќе бидат санкционирани.

Министерството за внатрешни работи апeлира го граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата и да користат соодветна заштитна опрема со цел заштита на сопственото здравје.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски