Камионот со кој бил украден канабисот од Јосифово е најден на патот кон Блаце

Од:

Полицијата го пронајде камионот од чија приколка беа украдени 200 кутии со два тона канабис, оставен на паркинг на патот кон граничниот премин Блаце.

Кражбата на двата тони канабис од Јосифово се случи во петокот, а полицијата уште во саботата го лоцирала камионот, но без приколката.

Складот од каде била изнесена марихуаната бил со обезбедување и во дел од селото каде немало поголемо движење на луѓе, а движењето во тој реон и не било дозволено од безбедносни причини.

Погонот ги имал сите лиценци за производство на марихуана и преработка за потреби за производство на масло.

Полицијата вчеравечер спроведе акција во скопско Арачиново, при која беше запленет украдениот обработен канабис.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар