Камер Идризи, лице познато за МВР, е убиениот во вечерашното пукање во Бутел

Од:

Камер Идризи, роден во 1978 година, е лицето кое вечерва загина во престрелката во скопски „Бутел“, дознава „А1он“ од доброупатени полициски извори.

Идризи е лице познато за полицијата, а според нашите извори, во престрелката тешко ранет е и неговиот внук.

Убиството се случи доцна вечерва, на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“. Од МВР за „А1он“ веќе потврдија дека од првичните информации знаат дека е пукано од возило кон друго возило марка „голф“ во кое се превезувале две лица.

Информациите се дека кон лицата биле испукани дури 80 куршуми, од возило марка „Ренџ Ровер“.

Идризи и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири / Фото: Фејсбук

„Во СВР Скопје околу 22 часот пријавено е пукање од возило кон друго пмв ‘голф’ на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“, одосно на паркингот. Во возилото ‘голф’ во кој било пукано, биле две машки лица, од кои едно им подлегнало на повредите во Клинички Центар. Увидна екипа на терен се работи на расчистување на случајот“, изјавија од МВР за „А1он“.

Идризи и градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски / Фото: Фејсбук

Идризи беше едно од лицата врз кое беше пукано во хотелот „Александар Палас“ во 2019 година. Како што тогаш беше објавено, напаѓачите биле вооружени со автоматско оружје и имале фантомки на главите, а поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите и пукал кон напаѓачите во самоодбрана. Нападнатата група беше од Грчец, скопско.

Повеќе детали за вечерашната пресметка се најавени за текот на утрешниот ден.

Би можело да ве интересира

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

Маж поврден од заталкан куршум кај Арачиново

Затвореник од Издризово, излезен на викенд, со нож нападнал скопјанец

Средовечен скопјанец се замозадоволувал во автобус на ЈСП

МВР: Скопјанка нападнала новинар, но и полициски службеник

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов