Двајца Романци измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

Од:

Уапсени се двајца романски државјани, откако во полиција било пријавено дека измамиле скопјанка и одзеле пари и златен накит.

– На подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР – Скопје ги уапсија Ј.Г., на возраст од 35 години и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка. Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената на подрачјето на Ѓорче Петров, претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство и со измама ѝ одзел 300 евра и златен накит, во вредност од околу 300.000 денари, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што додадоа од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски