Бизнисменот Орце Камчев е однесен со Брза помош на Клиниката за кардиологија во Скопје, откако тоа го побарале неговите адвокати. Информацијата за “А1он” ја потврди директорот на затворот “Шутка” во Скопје, Филип Андов. Камчев се пожалил на болки во градите, поради што му се прават прегледи.
“Спреведен е со дозвола од Кривичен суд по барање на одбраната”, вели кратко Андов за “А1он”.
Пред повеќе од една недела му се одредени нови 30 дена на Камчев за предметот „Плацеви на Водно“ во кој е обвинет, а поради опасност од бегство по барање на обвинителката Лиле Стефанова. Судењето против бизнисменот Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацови на Водно”, ќе почне на 16 јули.
„А1он“ повеќе пати се обрати во затворот „Скопје“ од каде велеа дека Камчев е редовно проверуван од домскиот доктор, нема поплаки за неговата здравствена состојба, односно дека нема проблеми со здравјето. Оттаму посочуваа и дека редовно му била давана и пропишаната хронична терапнија.
Бизнисменот Орце Камчев, во март, кога му беше одреден првиот притвор, негираше дека сакал да бега, како што образложи Агенцијата за национална безбедност. Тој рече “Ма какво бегање”, одговарајќи на прашањето од „А1он“ дали планирал бегство.