Камчев и Мијалков ги гледале доказите за „Империја“, предметот се поблиску до обвинение

Од:

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев прават увид во доказите со кои располага Обвинителството за случајот „Империја“, дознава „А1он“. Тие биле спроведени од затворот „Скопје“ во Шутка, каде ја издржуваат мерката притвор поради опасност од бегство. Ова доаѓа по три години откако се отвори предметот во СЈО, а се гонеа 13 лица меѓу кои беа и истакнатите бизнисмени. Предметот се ближи до завршница, давање на нивни искази и обвинение, бидејќи месецов беше завршено и финансиското вештачење кое обвинителката Лиле Стефанова го побара пред повеќе од година.

„Во текот на минатата недела е пристигнато вештачењето и истото е предмет на проучување и анализа од страна на предметниот обвинител. Во меѓувреме се преземаат и други процесни дејствија во насока на расветлување на случајот, се прибираат материјални докази и се повикуваат лица во својство на сведоци и осомничени“, велат од Обвинителството.

Увид во доказите побарале и другите осомничени, кои потоа, во доказна постапка, ќе треба да дадат и исказ пред обвинителката Стефанова. Кога ќе се донесе јавно-обвинителска одлука, засега нема информација од Обвинителството. Камчев и денеска требаше да биде спроведен во Обвинителството, но не се знае дали тоа било направено бидејќи истовремено во Кривичниот суд течеше судење за случајот „Плацево на Водно“.

Злосторничко здружение кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, менувани сопственици, купуван огромен имот, отворани фирми на оф-шор дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа истите „испрани“ пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми. Вака накратко може да се опише случајот „Империја“.

Камчев, Мијалков и останатите се обвинети за злосторничко здружување, оштетување и повластување доверители, злоупотреба на слубената положба, измама и перење пари. Во истрагата за „Империја“, осомничени се уште: мајката и сестрата на Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Владислав Стајковиќ, ексдиректорот на компанијата „Финзи“ преку која одеше набавката на израелската опрема за прислушување, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев, Јованче Тасковски и Лилјана Гајдовска.

Предметот сега се води во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор