Камчев бараше да не биде сведок во Меѓународен сојуз бидејќи смета дека му е нарушен кредибилитетот

Од:

Бизнисменот Орце Камчев одби да биде сведок во случајот Меѓународен сојуз, бидејќи бил нарушен неговиот кредибилитет. На ваквото барање се спротистави обвинителката Ивана Трајчева и побара да биде сослушан, а судијката Софче Гаврилова-Ефремова прифати.

“Барам да бидам изземен од својството на сведок затоа што во околности каде во државава се крши законот грубо од страна на Обвинителството и судот, мојот кредибилитет е нарушен и нема да бидам во корист на Обвинителството”, рече Камчев.

Сепак, за Трајчева притворот на Камчев нема поврзаност со овој случај.

“Денес повиканиот сведок е повикан во врска со предметното обвинение. Повикан е на околности колку е запознаен и дали е запознаен во врска со проектите на Меѓународниот сојуз. Притворот за друг предмет нема никаква врска со исказот и кредибилитетот. Таа постапка е различна од оваа денеск. Доколку смета дека таму му се прекршени права, треба тоа да го каже таму”, рече Ивана Трајчева.

Судијката и кажа на обвинителката да го испраша сведокот.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

„Жената лута“ рече Камчев за Катица Јанева која го праша: Точно ли е дека „Стопанска банка Битола“ е пералница на пари?

Кристијан Ландов

Боки 13 го испрашуваше Камчев, бизнисменот тврди дека не разговарал со Заев за „Империја“ туку за рекет од „1ТВ“

Кристијан Ландов