Калкулира ли Јанева со молкот пред Русковска?

Од:

Осомничената ексшефица на СЈО, Катица Јанева во предметот „Рекет“ се` уште не дала исказ во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција . Таа во два наврати бараше увид во доказите, но досега не се изјаснила за делата што ѝ се ставаат на товар.

Рокот за увид во доказите и за можноста да даде исказ истекува. Исказ нема дадено ниту осомничениот Бојан Јовановски. Неделава повторно се очекува тој да биде донесен во Обвинителството.

Постои ли можност за соработка со Обвинителството и дали Јанева ќе го признае делото и ќе каже кој сe` е вмешан, или ќе молчи и натаму, ќе се дознае неделава.

Доколку признае вина во оваа фаза и се спогоди со предлог-спогодба, а Обвинителството и судот тоа го прифатат, ќе добие пониска казна, но ќе треба да ја надомести и направената штета. Јанева има право да побара таква предлог-спогодба и тоа е предвидено во Законот за кривичната постапка. Тоа е единствената шанса во оваа фаза да добие пониска кзна. Законскиот минумум за делото кое ѝ се става на товар е најмалку три години затвор.

Во случајот „Рекет“, покрај Јанева и Јовановски кои се во притвор, осомничен е Зоран Милевски Кичеец, кој се наоѓа во домашен притвор.

Русковска е должна во рок од 15 дена од завршувањето на истрагата да поднесе обвинение или да ја запре истражната постапка, а бидејќи станува збор за кривични дела од областа на организираниот криминал рокот може да трае до 30 дена.

Според Обвинителството, Бојан Јовановски преку тргување со влијание издејствувал преку Јанева како тогашна шефица на СЈО, ослободување од притвор на осомничениот бизнисмен Орце Камчев во предметот „Империја“ и можност за спогодба.

Јанева е осомничена за злоупотреба на службена положба и овластувања. Јовановски, заедно со Зоран Милески Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а Јовановски и за перење пари.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов