А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: Како Јакимовски им овозможил на фирми да добиваат градежно земјиште?

by А1он19/03/2019 - 13:1719/03/2019 - 13:21452
Share0

Во периодот од 2011 до 2017 година, вработени во Општина Карпош на чело со тогашниот градоначалник Стевчо Јакимовски впишувале легализирале бараки во сопственост на фирми и на тој начин им овозможувале да се стекнат со државно земјиште по багателни цени.

Добивај вести на вибер

Вака накратко од Министерството за внатрешни работи ја објаснија кривичната пријава поднесена против Јакимовски и уште четворица вработени во општината. Кривични пријави се поднесени и против управителите на три фирми и едно физичко лице.

Станува збор за времени објекти во општина Карпош, на улицата „Илинденска“ кои биле во сопственост на фирмите.

Според МВР, компаниите „Гром Промет“, ЕМАГ, ДОТ Мебел и физичкото лице Т.Ѓ побарале утврдување на правен статус, односно легализирање на нивните монтажни бараки, кои според законот не се сметаат за бесправно изградени објекти.

Сепак, и покрај ова, Јакимовски и уште четворица вработени во општината за кои има кривични пријави, на бараките им дале третман на бесправно изградени објекти и дале согласност тие да се вклопат во урбанистичко планската документација.

Со ова, на фирмите им било овозможено бараките да бидат впишани како легални објекти во нивна сопственост, а со тоа добиле ексклузивно право да извршат откуп на државното земјиште на кое биле сместени монтажните објекти.

Ова, според кривичната пријава, е спротивно на Законот за градежно земјиште според кој времени објекти не се дел од градежно земјиште и за нив не може да се бара стекнување право на сопственост на градежното земјиште.

Сепак, и покрај ова, како што велат од МВР, „Гром Промет“ се стекнала со земјиште од 1.533 квадратни метри, кое како градежно неизградено земјиште во 2016 година имало вредност од најмалку 448 илјади евра.

„ЕМАГ“ ДОООЕЛ се стекнала со земјиште од 722 квадратни метри кое во 2016 година имало вредност од околу 211 илјади евра,

На ДОТ Мебел и на физичкото лице Т.К, пак, им било овозможено да откупат државно земјиште за 450 денари по метар квадратен, иако, ако се одржело јавно наддавање, почетната цена за таа локација би била 300 евра за квадрат.

Обвинителството за гонење организиран криминал бара приотвор за Јакимовски и двајца вработени во општината. За бизнисмените кои се на распит во Кривичниот суд побарани се мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и да се јавуваат еднаш неделно во судот.

Мери Јордановска

mvrstevce jakimovskistevco jakimovski

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто