Како Иван Цветковски, избеглица од ЛДП, го крши Законот?

Од:

Советничка група на Сојузот за Иднината од Охрид, реагира на кршењето на Законот од страна на Иван Цветковски, како што велат, избеглица од ЛДП а сега в.д. директор на Биљанини извори.

Еве ја реакцијата:

Лошата финансиска состојба на претпријатието, финансиските долгови и превработеноста во претпријатието никако не смеат да бидат оправдание за незаконско работење на в.д. директорот, за непочитување на статутарните одредби, како и за самоволно практикување на функцијата.

Уште повеќе, неморално и непрофесионално е да се бара оправдание за сопственото незаконско делување во некакви наводни незаконски постапки на поранешното раководство, во минатото. Истоа така, тотално неетички е да се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста од сопствените грешки и пропусти, преку изрекување на неосновани обвинувања кон други луѓе. Притоа, покажувајќи елементарни непознавања од сферата на организацијата и функционирањето на органите, телата и институциите на локалната самоуправа.

Од друга страна, повеќе од очигледно е дека почитуваниот повеќе сака да зборува за минатото отколку за иднината. Ако веќе зборуваме за минатото имаме должност да потсетиме дека некој најмалку треба да зборува за минататото ако се има предвид дека бил директен учесник во катастрофалната состојба во ЈП Билјанини Извори. Кога се споменува минатото треба ли да потсетиме дека в.д директорот го руши рекордот од излети низ политичките ограноци на партиите во Охрид? Треба ли да потсетиме дека в.д директорот беше назначен за директор и од поранешниот Градоначалник Петрески и дека за цените за кои зборува се цени по кои работел а не реагирал?

Треба ли да потсетиме дека Иван Цветкоски нема право да зборува за партиски вработувања затоа што неговата сопруга беше токму вработена од поранешниот Градоначалник?. Реално, не секој има морален кредибилитет да зборува за принципи.

Јасно е дека в.д директорот има незапирлива желба постојано да бидете присутен во медиумите, но советничката група на Сојузот за Иднината нема намера да учествува во хранење на таа за нас, неразбирлива потреба. Потенцираме дека, доколку што побрзо некој сфати дека е в.д раководител а не политичар а уште помалку суетна ѕвезда, дотолку е подобро и за вработените на кои постојано се повикува како и за јавното претпријатие.

Место да се плаче над судбината и да се прозиваат недолжни луѓе треба да се покаже доблесност и да се даде оставка или пак храбро да се плати партиската цена на оние кои ве ангажираат, но истовремено не заборавајќи ја народната која вели дека првите мачиња се фрлаат по вода.

Впрочем, никој со сила не го натера да бидете избран за в.д. директор.Тоа е негов избор и тој, во извршувањето на неговата функција, должен е да ги почитува законите на РМ и сите надлежни институции, вклучувајќи го тука и Советот на Општина Охрид, како што тоа го прават советниците од Сојузот за Иднината.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Владината коалиција е стабилна и цврста, дали ЛДП би биле дел од владината коалиција се уште не е разговарано, вели Мицкоски