„Како ги гледавте во очи знаејќи дека ги убивате“, „Овој срам нема да го испереме никогаш“: Реакции за случајот Онкологија

Од:

Случајот со шверцот на цитостатици на Косово кој го правеле вработените на Онкологија предизвика жестоки реакции кај стручната јавност.

Професор доктор Драган Данаиловски кој беше еден од најактивните лекари на социјалните мрежи за време на пандемијата до коронавирусот, порача дека ова е срамен пораз за Медицинскиот факултет каде што предава тој.

“СРАМ
Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се:
И овој да не е од „таквите“? Е, не се сите такви, ама, „покрај сувото, гори и суровото“.
Овој срам никогаш нема да си го испереме! НИКОГАШ!

Едит:

Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за нас, професорите на Медицинскиот факултет. Зашто, сите овие што ги фатија „со рацете во медот“ биле наши студенти. На кои не сме успеале да им вградиме основни етички принципи. По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж…” , напиша Даниловски.

Доктор Нико Беќаровски ги прашува колегите од Онкологија како можеле да ги гледаат пациентите во очи, знаејќи дека ги убиваат. Истите пациенти доаѓале на ултрасонографски преглед во ехотомографскиот кабинет на Клиниката за Токсикологија, па тој имал блиски и тешки средби со нив.

„Секојдневно неколку пациенти од Онкологија, доаѓаат на ултрасонографски преглед во нашиот ехотомографски кабинет.
Исплашени, многу често и исцрпени од болеста, со страв го следат секој мој поглед, како да сакаат да прочитаат дали нивниот наод е уреден.
Секој пациент од Онкологија ме растревожува уште пред да ја земам сондата во рака. Се плашат тие, но се плашам и јас од тоа што ќе го видам.
Секоја нивна зголемена жлезда, нова метастаза, секоја новооткриена течност во стомакот, ми го прави денот тажен, а толку често тоа се млади личности кои штотуку зачекориле во светот на возрасните. А, некоја организирана група на монструми, затскриена во бели мантили им ги краде милиграмите кои живот значат. Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате ???“ , објави Беќаровски.

Доктор Ненад Лазаров вели дека некој од Онкологија треба да излезе и да објасни дека како се давале физиолошки раствори.

„Треба да излезе некој од онкологија од стручен колегиум јавно да објасни дека не примаат физиолошки место лекови пациентите туку дека се крадело да ама на други начини,мисли ли некој на пациентит утре што треба да одат таму за потреби и по терапија?
И да, имате вина што сте молчеле сите од внатре до сега, а сега коа ве млатат сите ни криви ни должжни сеа пишувате
Се лажирале таму истории и така се крадело, од мртви од живи, или ко сестрата шо крадела ампули цели, не е возможно да скратиш толку од пациенти за да им се дава само физиолошки ве молам не паничете!
Оваа вест не е од вчера, 20милиони евра загуба е генерирана на некој му одговараше моментов како тајминг!
Очигледно имало општ хаос ама да не додаваме измислици дека физиолошки примаат пациентите редовно“.

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

Над 40 камери прегледани и над 15 лица сослушани во врска со убиството на докторот во Железара

Предраг Петровиќ

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници