Кај село Смоквица пронајдени 50 мигранти во товарно возило „Ивеко“

Од:

На автопатот Гевгелија – Скопје во близина на село Смоквица, вчера во 11.00 часот, полициски службеници во товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки пронашле 50 мигранти од Пакистан и од Авганистан, од кои четири се деца.

Од МВР во соопштението денеска појаснуваат дека полициските службеници дале знак за запирање на товарното возило „Ивеко“ по што возачот го запрел возилото 50 метри после патролата и избегал од лице место.

– При контрола над возилото, во просторот за товар, биле пронајдени 50 мигранти од Пакистан и Авганистан, од кои четири се деца. Мигрантите се однесени во Прифатниот транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски