Каевски: ВМРО ДПМНЕ да одлучи дали ќе се приклучи на проевропскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица

Од:

Сите општествени и политички чинители во земјава треба да покажат одговорнот пред иднината на земјата и сите наши гражани.Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, граѓаните сакаат да бидат дел и заслужуваат да бидат дел од Унијата рече на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ. Особено во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура. Доколку се пропушти овој политички момент и оваа силна поддршка од Европа и САД сега, ризикот е да се вратиме назад, да бидеме сами, надвор од процесите, додека другите земји од регионот напредуваат кон ЕУ. Блокадата на европскиот пат е блокада на подобар, европски животен стандард, повисоки плати, поголем економски раст, повеќе инвестиции, подобро образование, блокада за шансите за младите и европските вредности. Опозицијата има одговорност, пред граѓаните и иднината на државата. ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали ќе се приклучи на проевропскиот блок или ќе остане во заложништво на проруската Левица и во анти-европскиот блок, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче