Каевски: Силјановска е продолжена рака на Мицкоски

Од:

Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е европска иднина со СДСМ и Пендаровски или враќање назад во изолација со Силјановска и ДПМНЕ. Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски вели пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Наративот на Силјановска во Собранието во изминатите години е доказ дека Силјановска е ДПМНЕ, партија која ги негува единствено вредностите на изолација, затвореност и безнадежност. Нема членство во ЕУ со Мицкоски и Силјановска ниту за 100 години. Јасна е нивната намера да стават рампа на патот на Македонија кон Европската Унија. На Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе ги врати духовите од времето на владеењето на ДПМНЕ и на Ѓорге Иванов. Времето кога претседателот беше слеп послушник на партијата и кога не можеше да донесе ниту една одлука без да го крене телефонот за да се јави во Белата палата. Не смееме да дозволиме деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет. Не смееме да дозволиме ВМРО-МВРО повторно да ја крои нашата судбина и да си поигрува со иднината на нашите деца. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Политичката волја во ЕУ клучна за забрзување на проширувањето

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Милановиќ: Македонија во ЕУ не е „маратон“, туку „гладијаторска борба“ со нерамноправни услови

А1он

Сиљановска Давкова – Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае