Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски, повторно е избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа информираат од СДСМ.
– Претходно, Каевски на оваа позиција беше избран минатата година. Собранието е клучен партнер во борбата за подемократски општества и адресирањето на горливите проблеми поврзани со човековите права. Повторниот избор на Каевски е успех за СДСМ, но и успех за македонската дипломатија се наведува во соопштението од партијата.