Каевски: Партиски панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ, отчет на градоначалници пред Мицкоски наместо пред граѓаните

Од:

За оваа една година локална власт на ДПМНЕ граѓаните не видоа ниту еден нов капитален проект, ниту едно решение, ниту помош во време на криза. Но затоа секојдневно гледаат кавги за провизии и тендери, масовна партизација и расипничко трошење на народните пари во време на светска криза рече на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Резултатот од една година локална власт на ВМРО ДПМНЕ се гледа во Скопје: целосен хаос во градот.Наместо бесплатен превоз, нема превоз, наместо нови еколошки автобуси ниту тие што ги има не возат, заглавени, нефункционални јавни претпријатија и нула проекти. Затоа денеска, затворени и далеку од граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на партиски панаѓур ќе даваат отчет пред шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски. Не пред граѓаните, пред Мицкоски. Денешниот партиски панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден доказ дека градоначалниците од оваа партија не работат за интересите на граѓаните, туку за личните и бизнис интереси на Мицкоски вели Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он