Каевски: Паразити од ВМРО-ДПМНЕ во време на режим и сиромаштија месечно добивале и над 13 минимални плати

Од:

Документи и податоци покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити кои се богателе на грбот на граѓаните. Веќе покажавме дека во време на режимот 93.000 евра завршиле кај Христијан Мицкоски, а 67.000 евра кај Гордана Кочовска Димитриевска рече на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Поранешниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ добивал месечна плата од 101.000 денари плус додаток за минат стаж од 0,5 отсто. Од него повисока плата, секако исплатена од Буџетот, добивал поранешниот директор на АЕК, Сашо Димитриевски, исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ кој имал плата од 120.000 денари или близу 2.000 евра, односно годишно инкасирал околу 24.000 евра. Меѓу паразитите на ВМРО-ДПМНЕ со убедливо најдолг стаж е поранешниот директор на Развојната банка, Драган Мартиновски кој за 12 години на функцијата зел над 340.000 евра народни пари рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски