Каевски: Параноичниот Мицкоски сака да ја скара државата со светот и да ја однесе во изолација

Од:

Параноичниот Христијан Мицкоски сака да нè скара со целиот свет и со цела Европа. Тоа е истата реторика и истиот начин на однесување како неговиот ментор и претходник Никола Груевски вели пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

– Дејствувајќи против ЕУ и против НАТО антиевропскиот политичар Мицкоски сака да ја турне земјата во неизвесност и нова изолација од 11 години. Прво беше лагата за „бугаризација и асимилација“, па кога тоа се покажа дека е невистина почна да зборува за бугарски диктат. Кога стана јасно дека нема никаков бугарски диктат, сега, за сопствениот неуспех, на Мицкоски му се виновни Европа и светот. Мицкоски едноставно има капацитети да создава само непријатели па смета дека сите и така размислуваат. Затоа параноично зборува за светски заговори, рече Каевски на прес конференција.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Кос повтори: Македонија треба да ја исполни обврската за завршување на уставните измени

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк