Каевски: Освен што не плаќала струја, Арсовска ја оставила салата Расадник руина

Од:

Освен што не плаќала струја, Данела Арсовска со нејзините и семејните фирми ја оставила салата Расадник како руина, целосно запуштена. Фирмата на Данела Арсовска „Империјал Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империјал“ ДООЕЛ Скопје во 2002 година потпишала договор за закуп на спортската сала „Расадник“ рече Дарко Каевски од СДСМ покажувајќи договор со кој како што тврди Арсовска ја зела салата за закупнина од 1.000 евра месечно плуд ДДВ.

„Со членот 4 од договорот фирмата на Данела се обврзала да ја реновира кровната конструкција, да го смени паркетот на теренот, да ги реновира соблекувалните и да го уреди просторот околу салата. Овој договор има и Анекс со кој се надополнува членот четири каде се додаваат и хотел со 24 легла, пет терени за сквош, фитнес центар, отворен базен, помошни објекти и петнаесет бунгалови. Ништо од ова како што гледате не е направено. Данела не може да управува ниту со сала, а најмалку со град“ – вели Каевски.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он

Одложено рочиштето против екс директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери

Арсовска го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави долговите и тие што не оделе на работа, ВМРО-ДПМНЕ и одговори дека „правдата е блиску“

Катерина Ѓуровски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски