Каевски: Мицкоски призна дека со ДПМНЕ нема члнество во ЕУ

Од:

Јавно, во интервју за “360 степени“ Христијан Мицкоски потврди дека неговата ДПМНЕ сака целосна блокада на евро-интегративниот процес на земјата. Прашан за противењето на ДПМНЕ за гласањето на уставните измени и дека тоа може да значи нови 10 години блокада на пристапот кон ЕУ Мицкоски рече, цитирам: „може да бидат и сто години“ и додаде „а можеби и никогаш да не биде“, вели пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Признанието на Мицкоски е јасна потврда, со ДПМНЕ и Левица нема членство во ЕУ, нема напредок, нема иднина. Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица сакаат да ја вратат државата назад, во мрачно минато, во изолација, скарана со сите. Кочењето на европскиот пат е на директна штета на граѓаните, на повисок стандард, поголеми плати, поголеми пезнии, подобра иднина за младите. Тоа еднаш сме го виделе, кога 11 години бевме заглавени. Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина на земјата и мора да биде поразена. Изборите ќе бидат своевиден референдум за иднината на земјата, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он