Каевски: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Од:

Во период кога се решаваше евроинтегративниот процес на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги преку кои се обидуваа да ги поткопаат државните интереси. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја плашеа јавноста со наводно распродавање на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и историја, лажеа за некаква асимилација и бугаризација на државата рече на прес конференција пратеникот о портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Тоа е срамно, неодговорно и антидржавно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. По сето тоа, најмалку што можат да направат во Белиот дворец е да им се извинат на граѓаните за тешките лаги што ги пласираа, а потоа и да побараат одговорност од Мицкоски. Мицкоски мора да излезе од деструктивната матрица и наместо за интересите на неговиот ментор Никола Груевски, наместо за туѓи центри на моќ, конечно да почне да работи за интересите на граѓаните. И покрај крајно неодговорниот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство ќе продолжи да ги брани државните позиции и национални интереси, но и да работи на обезбедување на европската иднина на државата како клучна стратешка цел вели Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски