Каевски: Мицкоски да одговори дали нудел поддршка за францускиот предлог во замена за амнестија за криминалот?

Од:

Пратеникот и портпарол на СДСМ на својот ФБ профил прашува дали Христијан Мицкоски нудел поддршка за францускиот предлог во замена за амнестија на криминалот?

Статусот на Каевски ви го пренесуваме во целост:

„Дали е точна информацијата објавена на некои медиуми дека:

Мицкоски нудел поддршка за францускиот предлог а за возврат да добие амнестија за криминалот со партиското седиште, криминалот со хидроцентралите и делчевските ниви?

Дали е точно дека договарал тајна средба со приватен авион во Австрија, со висок претставник на ЕПП каде бил подготвен на писмено да ги даде овие гаранции?

Еве вечер има митинг, нека повели на митингот нека ги одговори овие прашања“.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски