Каевски: Антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев ја очекува нов пораз во Собранието

Од:

Јас сметам дека Мицкоски треба да повика дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да прават блокади и опструкции и да не одработуваат за туѓи центри и држави кои не и мислат добро на оваа држава рече пратеникот на СДСМ Дарко Каевски прашан за коментар на повикот од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до пратениците на владеачката партија да го одбија францускиот предлог.

– Да дојдат на пленарната седница и да дискутираме и да ги соочиме аргументите и на крајот да донесеме заклучоци, со кои ќе ја обврземе Владата, оваа и секоја наредна, во делот на спроведување на процесот да се зачува чистиот македонски јазик, македонскиот идентитет и посебноста со сите историски, образовни и културни карактеристики и истите да не бидат дел од праговарачката рамка како што е сега вели Каевски.

Тој очекува дека дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и целата опозиција, ќе ги поддржат овие заклучоци.

Каевски порачува дека СДСМ е отворена и подготвена на отворен разговро и дискусија за подобруување на текстот на заклучоците со кои како што вели дополнително ќе ја обврземе Владата да ги зачува црвените линии да биде во линија со Декларацијата донесена во Собранието, а тоа се зачувувањето на македонскиот јазик, без фусноти, додавки како и македонскиот идентитет и посебноста на државата кои несмее да биде дел од преговарачката рамка и не е дел.

– Како пратеници сме подготвени и чекаме да се закаже Пленарната седница на којашто ќе се дискутира за Францускиот предлог и предлог -заклучоците сметаме дека Собранието е место каде што треба да ги соочиме аргументите и фактите и на крајот да донесеме заклучоци со која ќе ја обврземе Владата со зачувување на македонскиот јазик и идентитет и неговата посебност која што е надвор од преговарачката рамка да бидеме конечно дел од европското семејство рече Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено