Каевска: Данела Арсовски со чудни и неосновани тужби се обидува да ја сокрие неработата

Од:

Арсовска се обидува преку неаргументирани, недокажани тужби да го тргне фокусот од нејзиното неработење, од тоа што за 6 месеци немаат буквално никакви проекти, тоа што за 6 месеци не ги испорача работите и ветувањата којшто ги даде пред скопјани рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски по денешното рочиште по тужбата од градоначалничката Данела Арсовска.

– Факт којшто беше базиран врз основа на сериозен број на докази, аргументи, факти со којшто се укажува дека фирмите на градоначалничката имаат сериозен долг за струја, којшто секако беше аргументирано и поткрепено со низа докази и факти којшто доаѓаат и од ЕВН и од Централен Регистар. Третиот факт е основата на тужбата којашто ја поднесе против мене, а тоа е дека градоначалничката Арсовска се чуствувала навредена и повредена и тоа што сум кажал дека била кандидат на ВМРО-ДПМНЕ па оттука се легитимни прашањата којшто треба да ги поставиме, дали Данела Арсовска се чуствува навредено и омаловажено што била кандидат поддржана од ВМРО-ДПМНЕ рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот