(ВИДЕО) Кадриу: Законот за јазиците е во духот на Уставот и уставните норми

Од:

Уставниот судија, по свечената заклетва се заблагодари на Парламентот на довербата која ја укажува, со неговиот избор за уставен судија на Република Македонија. Тој вели дека функцијата ќе ја извршува одговорно, согласно принципите на правната држава.

– Покрај привилегиите што го има во битието на оваа функција, овде има компонента на одговорност. Тој мора да биде одговорен, бидејќи вредностите на Уставниот суд се мошне значајни. Преку нив се оставарува интересот на граѓаните, бидејќи се штити уставниот поредок, а со тоа се придонесува да се штити Уставот на земјата.

– Ние како судии мора да дадеме придонес за ова. На прво место треба да се штити уставноста на земјата, посебно на оние земји кои сакат да бидат правни. Уставот е орган за дишење, рече новиот уставен судија, Осман Кадриу.

– Позната ми е содржината и интервенциите во Законот за јазикот. Моето мислење како правник, е дека овој Закон е во духот на Уставот и уставните норми. Прашањето на јазикот се гарантира со Устав. Со овој закон само се предвидува техниката, како албанскиот јазик да се имплементира.

Кадриу вели дека не може да каже што ќе биде со СЈО, бидејќи тој е судија. Тој вели дека дополнително ќе види дали треба да се укине.

К.Ландов

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Нема да употребам вето за да навредам некој јазик

Ахмети: ДУИ е ураган, ќе биде пружен „невиден отпор“ со секој обид за промена на Законот за јазиците

Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици ќе биде одржана од 19 до 21 март

Горан Наумовски

Албанскиот јазик е и ќе остане составен дел од институционалниот живот во земјава порачаа од ВРЕДИ

Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

Катерина Ѓуровски

Уставен суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците