А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кацин – Македонија да одговори на внатрешните дилеми

by А1он14/09/2012 - 10:3708/06/2016 - 16:05229
Share0

Словенечкиот европратеник Јелко Кацин е убеден дека усвојувањето на предлог резолуцијата за Политиката и критериумите за проширување и стратегиските интереси на ЕУ, ќе се одрази позитивно на земјите од Западен Балкан.

Добивај вести на вибер

„Она што според мене е посебно важно е дека кога ќе започнат преговорите, Европската комисија има право да отвора многу конкретни прашања и случаи. Мислам дека тоа е најдобар пат уште на самиот почеток, кога се отвораат најтешките поглавја, 23 и 24, да се воспостави некое сосема различно општествено расположение и очекување со што може брзо да се напредува во сите други поглавја. Тоа според мене е исклучително важно, посебно за државите од Западен Балкан, бидејќи тоа ќе им овозможи брз напредок, додека на јавноста ќе и дозволи да има многу разбирлив пристап на Европската комисија во корист на земјите кандидати кои преговараат и во корист на проширувањето на Европската унија“, вели Кацин за Дојче Веле.

„Македонија е дел од регионот и Македонија мора пред се да одговори на внатрешните дилеми. Ова што се случува сега, во овие денови, секако не е порака од Македонија, која би ја охрабрило Европската унија, а уште помалку Европската комисија, која е надлежна да укажува на проблемите, кои ги имаат поедини држави. Јас би се послужил овде со зборовите на комесарот Штефан Филе, што ги има кажано неодамна во врска со Србија, но тоа важи исто така за Македонија: „Нема да барам дозвола, да го критикувам она, што земјата ја оддалечува во други правци од евроинтеграцијата“, изјавил Кацин.

Не помина амандманот британскиот европарламентарец Ендрју Даф,, во кој тој бараше да се замени референцата „поранешна југословенска република Македонија“ со „Македонска држава“.

epeu

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:28

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:19

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:13

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Горан Наумовски19/02/2026 - 06:48

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен