Кацарска нема да ги суди организаторите на „27 април“

Од:

Судијката Добрила Кацарска нема да го суди предметот за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Првично АКМИС системот на Кацарска ѝ го доделил предметот за оценка на обвинението за овој настан по што таа веднаш побарала изземање поради пристрасност, но не била утврдена пристрасност и и било одбиено барањето.

Утредента Кацарска повторно поднела ново барање со кое побарала изземање од случајот поради оформено мислење од претходното судење за извршителите на настаните што и било прифатено. Според информациите од Кривичниот суд, АКМИС системот предметот за оценка му го доделил на судијата Горан Бошевски.

Судија кој го оценува обвинението за конкретен предмет не може да го суди, а тоа нема да може да го прави и судијката Кацарска, бидејќи веќе има оформено мислење за кривично правниот настан што го потврдила со барањето за изземање што ѝ било одобрено.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија