ВИДЕО: Кацарска ги исфрли од судница адвокатите на обвинетите за 27 април и ги казни со по 1.000 евра

Од:

Судијката Добрила Кацарска ги отстрани од судницата адвокатите на обвинетите во слуачјот за 27 април и ги казни со по 1000 евра. Адвокатите велат дека судијката Кацарска им се заканила дека обвинетите ќе добијат адвокати по службена должност.

Причина за исфрлањето, како што велат, е тоа дека од страна на судијката Кацарска биле обвинети дека го нарушуваат редот во судницата откако адвокатите се побуниле на лошите услови за работа во старата зграда на кривичниот суд.

„Бевме принудени да пишуваме белешки на колено што говори најважниот сведок во случајот. Ова е грубо прекршување на правото на одбрана на обвинетите. Парите од казните ќе му ги подариме на судот со нив да купат нова опрема за непречено да се одвиваат рочиштата. Денеска се случи она што го претпоставувавме“, велат адвокатите.

Адвокатите по одлуката на судијката Кацарска, исфрустрирани излегоа од судот.

Поради техничките проблеми што настанаа на почетокот на денешното рочиште при сведочењето на загрозениот сведок ЕС1, за насилниот упад во Собранието на 27 април, судечкиот совет што го води случајот одлучи сослушувањето да продолжи во старата зграда на Основниот суд Скопје 1 Скопје, каде што би се обезбедиле услови за понатамошно сведочење на скриениот сведок.

На самиот старт од денешното сведочење судијката Добрила Кацарска ја исклучи јавноста од рочиштето поради можноста да биде откриен идентитетот на сведокот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски