Кабинетот на Иванов: Јосифовски на 27 април беше во ВМРО-ДПМНЕ на договорена средба

Од:

Кабинетот на претседателот Горге Иванов реагира на обвинувањата на СДСМ и оценува дека тоа е очаен обид на партијата да го обвини генералниот секретар на Кабинетот, Борис Јосифовски, за наводна вмешаност во настаните од 27 април. Од таму велат дека тој е член на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму не е ништо спорно што тој бил во седиштето на партијата. Конкретно, велат од Кабинетот, на 27 април Јосифовски бил таму на договорена средба.

„Ја потсетуваме партијата СДСМ дека Борис Јосифовски е член на ВМРО-ДПМНЕ и како член на таа партија нема ништо спорно да биде присутен во седиштето на партијата. Истовремено посочуваме дека присуство не подразбира и инволвирање во конкретни активности. Присуството на Јосифовски во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април беше со цел да оствари договорена средба што нема никаква поврзаност со какво било координирање на некакви активности за наводно прогласување воена или вонредна состојба. Откако беше повикан од страна на претседателот Иванов со цел да го свика Кабинетот, Јосифовски се врати на работното место“, велат од Кабинетот на Иванов.

Од таму додаваат дека Јосифовски во Основното јавно обвинителство уште во ноември минатата година дал детален исказ за сите негови движењa и остварени контакти, и одговорил на сите поставени прашања.

„Ја разбираме нервозата кај СДСМ поради неуспешното спинување на вистината околу 27 април и прикривање на катастрофалните грешки, како и сопствената неспособност во водење на државата, но со цел да спречиме натамошно шпекулирање и ширење дезинформации, сакаме да ја информираме јавноста дека присуството на Борис Јосифовски во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април не е непознат факт“, велат од Кабинетот на Иванов.

Од таму потсетуваат дека „согласно со Уставот на Република Македонија, слободата на движењето е загарантирано човеково право, освен ако во меѓувреме не настанала нова реалност, за која не знаеме“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата