Кабинет на Пендаровски: Депонираната остава на Ковачевски примена од шефот на државата

Од:

Шефот на држaвата Стево Пендаровски го примил известувањето за депонираната оставка од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, потврдија за МИА од Кабинетот на претседателот.

Претходно, претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска во законски предвидениот рок, ја депонираше оставката во Собранието на Република Северна Македонија, и притоа имаше средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

На средбата, како што соопштија од Владата, премиерот Ковачевски истакнал дека функцијата претседател на Влада ја извршувал одговорно и посветено, со должна почит кон граѓаните, водејќи се од определбата за обезбедување едно општество за сите, со еднакви права и еднакви одговорности.

-Премиерот Ковачевски, на средбата потенцирал дека ќе продолжи и понатаму да се залага за остварување на европската визија за Република Северна Македонија бидејќи за нас нема друга опција, освен европскиот пат. Заеднички беше констатирана важноста на заложбите за реализирање на нашите европерспективи и обезбедување на сите предуслови за да се трасира нашата европска иднина, се наведува во соопштението.

Со поднесената оставка на премиерот Ковачевски, почнуваат процесите за формирање на техничка влада, која ќе создаде услови за одржување на фер и демократски претседателски и парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат