Кабаст отпад ќе се собира во општина Кисела Вода

Од:

Акција за собирање кабаст отпад на територијата на Кисела Вода од 7 до 11 часот ќе спроведат денеска и утре ЈП „Комунална хигиена” и општината преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита.

Акцијата пооделно по урбани и месни заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот, денеска ќе се спроведе во урбаните заедници Кисела Вода, Расадник, 11 Октомври бараки, „Бобан Трпков”- населба Драчево, месните заедници Пинтија, село Драчево, Усјe и Градинар, Припор – локација (ул.„Христо Татарчев“ – до месната заедница Припор, месност Бабин дол – последна автобуска станица на 24).

Утре акцијата ќе се спроведе во урбаните заедници Цветан Димов, Бирарија, Црниче, Пржино и зградите во 11 Октомври.

Од општината ги повикуваат граѓаните отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домовите, колективните згради на пошироките улици на начин што тој нема да го попречува движењето на пешаците и возилата, како и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена”.

Би можело да ве интересира

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода