„Југохром“ ќе ги исклучи печките поради загадувањето

Од:

„Југохром Фероалојс“ од Јегуновце на 31 овој месец ќе ги исклучи двете печки што се во функција и нема да работи до крајот на февраури следната година, соопшти денеска управата на „Југохром Фероалојс“ од Јегуновце.

Според најавите, Југохром нема да работи до крајот на февруари следната година, период кога временските услови најмногу влијаат на загадувањето, стои во соопштнието.

Од управата на Југохром велат дека одлуката била донесена доброволно и оти имале слух за состојбата со загадувањето на воздухот во Тетово иако тие остануваат на ставот дека нивната фабрика не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот.

Управата на Југохром информира дека паралено со прекинот на работата ќе продолжат со сите планирани и веќе договорени активности за целосна примена на сите еколошки стандарди согласно законските прописи односно воведување на системот за отпрашување во планираниот рок.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС