Југ до Кацарска: После 10 години кога ќе ме пуштат од затвор може да ме земете за асистент

Од:

Обвинетиот Игор Југ на денешното рочиште за „крвавиот четврток“ и предложи на претседателката на судечкиот совет кој го води случајот, Добрила Кацарска, доколку го осуди, по одлежувањето на затворската казна да го земе за асистент, бидејќи за време на целата судска постапка научил се за судството.

Игор Југ како дополнителен доказ предложи снимка од прес-конференција од 30 април минатата година, на поранешниот пратеник, а сега министер за информатичко општество, Дамјан Манчевски, кој сакаше сам да ја презентира.

На снимката која беше пуштена во судницата, се слуша како Манчевски обвинува дека Југ е суден за силување, убиство, и продавање дрога.

Обвинетиот Југ ги отфрли сите овие обвинувања по што рече дека судот може многу лесно да утврди дека станува збор за лаги изнесени од Манчевски, односно дека тој никогаш не бил суден за овие работи.

„Јас имам малолетни деца. Што мислите како се чувствуваат тие кога другарчињата во училиште им велат дека татко им е манијак и дилер на дрога. Манчевски не најде доблест во ниту еден момент да се извини за изнесените лаги“, рече Игор Југ.

Обвинетиот Игор Југ не поднесе барање за амнестија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски