Јуца: Нови работни места во Крушево

Од:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Крушево, Ташули Јуца се заложи за вложување во енергетиката каде според него не е вложено ништо. Тој рече дека како градоначалник ќе се обиде во Крушево преку подобрена инфраструктира да привлече странски и домашни туристи и ги повика крушевчани да му дадат поддршка на вечерашниот митинг на опозицијата.

Јуца најави дека сака преку директна и индиректна буџетска подршка да се рестартира на дел од стопанските капацитети во градот.

„Развој на туризмот преку континуирана подршка на постојните туристички и угостителски капацитети, и создавање на можности за отворање на нови, со посебно внимание за развој на културниот, верскиот а посебно и со посебни мерки спортскиот туризам.

Поддршка кон малите и средни претпријатија, занаетчиство и старите занаети.

Земјоделието како една значајна стопанска гранка од егзистенцијална природа за поголем дел на населението во нашата општина, согласно Уставните надлежности на ЕЛС ќе добие посебно внимание и подршка.

Bрзо и ефикасно решение за изнаоѓање на алтернативни извори со квалитетна вода за пиење, од околните места“, рече тој, обрзложувајќи дел од својата програма со која ќе настапи на локалните избори, следната година.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус