ЈП „Водовод“ Куманово ќе ги менува старите водомери

Од:

Министерството за транспорт и врски деновиве ќе распише тендер за спроведување проект за замена и инсталација на водомери и нивна интеграција во систем за далечинско отчитување во водоснабдителната мрежа на општина Куманово, информираа денеска надлежните од кумановското јавно претпријатие „Водовод“.

Проектот е вреден милион и 600.000 евра, обезбедени од Европска инвестициска банка. Со проектот се очекува да бидат заменети помеѓу 8.000 и 10.000 водомери во Куманово, со нови електронски, ќе бидат набавени инструменти за детектирање подземни дефекти и креација на реални и виртуелни зони за водоснабдување за менаџмент со загубите на вода. Во рамки на проектот ќе бидат поставени и инсталирани преносни ултразвучни мерачи на проток и притисок, софтвер за менаџирање со зоните за водоснабдување со што ќе се постигне оптимизација на притисокот во системот за водоснабдување

Би можело да ве интересира

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка