ЈП „Паркови и зеленило“ ги чистеа зелените површини во Карпош 3

Од:

Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ вчера извршија активности на чистење и средување на јавните зелени површини во населбата Карпош 3, како и сечење на 11 суви дрвја од видот бор, во склоп на Акцијата за чистење на општина Карпош која се реализира од 12 до 16.02.2018 година.

Исечените борови до минатата година беа под надлежност на општина Карпош а од оваа година јавното претпријатие ги превзема за одржување.

Истите беа целосно суви и претставуваа опасност од кршење и паѓање и го огрубуваа просторот. Боровите беа заразени од болеста lophodermium pinastri, што како габно заболување предизвикува опаѓање на боровите иглички при што доаѓа до постепено сушење на дрвото.

Останати се уште неколку од заболените дрвја, кои не се целосно исушени и кои ќе ги третираме со соодветни фунгициди и ќе се обидеме да ги спасиме, соопштуваат од ЈП Паркови и зеленило.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ