ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово ќе ја издава под закуп парастос салата на градските гробишта

Од:

Парастос салата што се наоѓа на градските гробишта во Куманово и е под надлежност на ЈП „Чистота и зеленило“ ќе се издава под закуп, одлучија советниците на последната седница на Советот на општина Куманово.

Менаџерскиот тим на претпријатието смета дека со издавањето под закуп на салата ќе се подобрат приходите на претпријатието. Претходно, одлуката за издавање под закуп била поддржана и од Управниот одбор на претпријатието.

– Анализите кои ги извршивме со менаџерскиот тим покажаа дека приходите од функционирањето на парастос салата на месечно ниво просечно се движат до 43.000 денари без трошоци за вработените. Сметам дека со издавањето под закуп преку транспарентна постапка која ќе ја спроведе општината, приходите значително ќе бидат повисоки. Што се однесува до петмината вработени кои сега се ангажирани во салата ќе бидат распределени во други работни единици, изјави директорот на претпријатието Даниел Стојчевски.

Претпријатието ангажирало и вештаци кои процениле дека вредноста на овој објект е 13 милиони денари, така што почетната вредност за закупнина на годишно ниво би изнесувала 840.000 денари или на месечно ниво 70.000 денари.

– Нашите очекувања се дека цената на закупнина ќе биде многу повисока што ќе биде утврдено преку постапката, додава Стојчевски.

Салата е со големина од 209 метри квадратни со три одделни простории. ЈП „Чистота и зеленило“ последниве две години стопанисува со салата.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане