Јовески по дрскиот однос на Ајро: Јавноста има право да биде информирана, обвинителите да бидат отворени

Од:

Јавниот обвинител на Македонија денес преку соопштение ги повика обвинителите да го почитуваат принципот на отвореност и правото на информирање, откако вчера обвинителот Артан Ајро, на прашање од „А1он“ зошто дал позитивно мислење Сашо Мијалков да излезе од притвор рече „јас не сум платен да одговарам на новинарски прашања“.

Обвинителот Јовески, залагајќи се за доследно остварување на принципот на отвореност, правото на информирање и слобода на медиумите, укажува дека еден од основните принципи во работењето е транспарентноста и отчетното работење, гарантирани во член 8 од Законот за јавното обвинителство и во Упатството за односи со јавноста.

„Медиумите се помош во работењето на Јавното обвинителство, бидејќи често од нив се добиваат сознанија за конкретни постапки за извршени кривични дела, но и граѓаните преку нив се информираат за работата на Јавното обвинителство. Јавноста треба и има право да биде информирана за работењето на јавните обвинителства. Поради тоа, во натамошниот период во односот со медиумите, јавните обвинители задолжително да го почитуваат принципот на отвореност и правото на информирање“, изјави јавниот обвинителот Јовески.

Вчера обвинителот Артан Ајро одби да објасни зошто откако двапати дал негативно мислење за Мијалков да биде ослободен од притвор, сега одлучи да даде согласност. Ајро посочи дека тој лично знае зошто донел таква одлука и дрско ја спушти слушалката.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Фирма на Мијалкови должи два милиони евра за ДДВ: УЈП ги објави најголемите должници

Орце Костов