Јовески: Ќе бидат сослушани или испитани и Катица Јанева и Лиле Стефанова

Од:

Јавниот обвинител Љубомир Јовески, за А1 он вели дека сите инволвирани лица во конкретниот случај „Рекет”, ќе бидат сослушани и испитани во истражната постапка.

„Не постапуваме селективно и никој нема да се спаси од кривична одговорност доколку сторил кривично дело. Нагласувам дека во конкретниот случај се работи исклучиво за криминално дело”, вели Јовески.
Во тек е истражната постапка за овој случај и истражните дејствија, јавниот обвинител ги презема за да се обезбедат доказите и за да се уврди вистината според подготвен план кој обезбедува целосно истражување на случајот, вели Јовески.

Тој потенцира дека обвинителството постапува неселективно и ја уверува јавноста дека инволвираните во „Рекет” ќе бидат сослушани или испитани, вклучувајќи ја и Катица Јанева и Лиле Стефанова, а по целосно завршување на истрагата, согласно законот ќе се донесе јавнообвинителска одлука.

Обвинителството, вели, покрај другите докази, за конктетниот случај располага со аудио и видео снимени содржини.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители